„Ова е непристоен предлог нека им служи на чест на тие што се пријавиле и на тие што ги гласале“, рече на Телма универзитетскиот професор Гордан Калајџиев.
Биографиите на предложените членови на Советот за граѓански надзор кои ги објави Телма и кои откриваат најмалку пет партиски членови, еден разрешен судија поради местење на предмети и само еден експерт- универзитетски професор се некултурен предлог и дополнително пропаќање во живиот песок наместо изградба на правна држава, коментира Калајџиев.
- И сега ова што се случи најновото, според мене, можеби ќе звучи малку глупо или суета е во прашање, но морам да кажам дека изборото на кадрите со мали исклучоци, како професорката од Безбедност и можеби уште некој, повеќе од кандидатите се избор кој што е, не несоодветен, не зборуваме за дека немаат компетенција, која што е многу неопфодно потребна за тоа дело, туку е некултурен. Се гледа дека пристапот во суштина е истиот и дека основна реторика се дневни политички приказни, а во суштина нема интерес во државава да почне да владее правото и да се востанови ефикасен систем на контрола меѓу властите од овие тела кои се смислени да вршат соодветна контрола, која ќе биде афикасна, а не да биде партиско поктитие или некаква „обланда“ која што ќе држи лажна приказна, коментира Калајџиев.
Советот за граѓански надзор по дефиниција треба да ја контролира законитоста на прислушувањето како посебна истражна мерка и треба да биде составен од експерти и невладин сектор. Но, наместо тоа владеачкото мнозинство предложи општински советник на ВМРО-ДПМНЕ во Кочани, претседател кој го погрешил името на институцијата за која конкурирал, хемичар, професор по математика и експерт за корозија на цевководи.
Наместо решение се отвара нов проблем, а првиот е што и политичарите и безбедносните агенции не сакаат невладини во процесот за надзор, вели Калајџиев кој беше и член на првиот Совет за граѓански надзор кој си поднесе оставка бидејќи никој не им даваше пари за да може да набават опрема и работат.
- Опструкции на секој чекор. Јас бев во комисијата која што имавме само канцеларија, а не успеавме да добиеме жиро смтка за да почнеме да функционираме и да купиме базични работи, истакна Калајџиев.
Доколку на пленарна седница се потврди дека партиските членови сега со метаморфоза станале граѓански активисти, тие ќе земаат плата од околу 83 илјади денари односно максимум две просечни нето плати.
Миомир Серафиновиќ











