Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Полициско возило со тројца полициски службеници излетало на патот Охрид-Кичево – повредените се пренесени во болница

/

пред 687 дена

Сподели преку :

Денеска нешто пред 11 часот полициско возило во кое се превезувале тројца полициски службеници излеталот на патот Охрид-Кичево. Поради здобиените повреди, по интервенцијата на Итната медицинска помош, тие се пренесени во болницата „Св. Еразмо“ во Охрид.

„На 06.12.2024 во 10:45 часот во СВР Охрид е пријавено дека на магистралниот пат Охрид-Кичево, во близина на селото Ново село, Oпштина Дебрца, излетало од патот патничко моторно возило „сеат алтеа“, сопственост на Министерството за внатрешни работи, управувано од Ј.Л. (37), во кое сопатници биле И.Б. и Б.М, сите полициски службеници. По укажаната помош на местото на настанот од екипа од Итната медицинска помош, тие се пренесени во болницата „Св. Еразмо“ во Охрид. По наредба на Јавен обвинител, увид на местото на несреќата извршија полициски службеници од Полициската станица за безбедност во патниот сообраќај Охрид“, соопшти МВР.