Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Бундестагот расправа за испорака на ракети „Таурус“ во Украина

/

пред 683 дена

Сподели преку :

Долниот дом на Бундестагот денеска ќе расправа за можна испорака на крстосувачки ракети „Таурус“ во Украина, иако канцеларот Олаф Шолц се противи на таа мерка. Предлогот за испорака доаѓа од „Слободни демократи“ кои ја напуштија владината коалиција по разрешувањето на нивниот лидер, Кристијан Линднер од позицијата министер за финансии.

Ракетите „Таурус“ имаат долг дострел и би ѝ овозможиле на Украина да напаѓа воени цели зад фронтот. Иако украинските лидери долго време ги бараа овие ракети, Шолц остро се противеше на нивна испорака, изразувајќи стравување дека тоа може да ја вовлече Германија директно во војна. Очекувањата се дека предлогот најверојатно нема да биде прифатен.