Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Две лица загинаа, над 250.000 домаќинства без струја – бурата Дара направи хаос во делови од В. Британија

/

пред 681 дена

Сподели преку :

Британската Национална метеоролошка служба издаде предупредување за силни ветрови што ја погодија земјата по бурата Дара.

Во најголемиот дел од Англија и Велс, утринава во 6 часот по локално време, беше издаден жолт метеоаларм, додека Северна Ирска се соочи со налети на ветрот од 97 км./ч, пренесува „Скај њуз“.

Очекуваната јачина на ветерот во најголемиот дел од Англија и Велс ќе биде од 56 до 73 км./ч, додека силни налети од 113 км./ч ќе ги погодат крајбрежните области.

Според „Скај њуз“, бурата Дара досега одзеде два животa, а околу 259.000 домаќинства останаа без струја.