Високи партиски функционери на ДУИ и нивни поддржувачи вечерва се собраа на прес-конференција пред Уставниот суд.
„Тука сме да го подигнеме нашиот глас. Ова не е обичен ден, денеска повеќе од било кога треба да го заштитине тоа што сме го добиле со многу труд и крв. Законот за јазици не е само правен акт, туку тој стави мир во државата преку Охридскиот договор. Во овој закон е втемелева јазичната еднаквост. Укинувањето на законот значи уривање на темелитена овој договор. Наместо да се работи за заедничка иднина, таа разденува и напаѓа. Ова е прашање за нашите права како рамноправни граѓани, нашиот идентите и иднина како општество, нашата иднина. Охридскиот мировен договор е наша гаранцина за праведно и еднакво општество. Денеска ја објавуваме иницијативата Стража на јазикот од денска остануваваме ден и ноќ пред Уставниот суд“, изјави Арбр Адеми.
Седницата на Уставниот суд за оценување на уставноста на законот за јазици е закажана за 11 декември.











