Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

ФОТО: Ставрев го судеше последниот натпревар во кариерата

/

пред 665 дена

Сподели преку :

Еден од најдобрите македонски судии на сите времиња Александар Ставрев попладнево на дуелот меѓу Работнички и Пелистер за последен пат во богатата кариера ја делеше правдата на еден официјален натпревар.

Ставрев на арената Тодор Проески доби пригодни подароци од домаќинот Работнички, но и од Фудбалската федерација на Македонија.

Според некои податоци Ставрев во богатата кариера судел на 412 натпревари во сите конкуренции. Најголем број од нив се во домашниот шампионат, а бил главен арбитар на мечеви во Лигата на шампионите, Лига Европа, Конференциската лига како и на мечеви од квалификациите за Светските и Европските првенства.

Покрај Ставрев на денешниот натпревар од активното судење се прости и еден од неговите асистенти Дејан Костадинов.

ФОТО: Игор Паневски