Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Дизелот од полноќ поевтинува за денар, Еуроосупер БС-98 за половина денар

/

пред 669 дена

Сподели преку :

Малопродажната цена на Еуродизел (Д-Е V) од полноќ се намалува за еден денар и литар ќе чини 70 денари, соопшти Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ).

Бензинот Еуросупер БС-98 поевтинува за половина денар и ќе се продава за 78 денари, додека цените на Еуросупер БС-95 и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) не се менуваат.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,517 денари и ќе изнесува 45,775 денари за килограм.