Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Почна седницата на Уставен суд, судиите Кадриу и Ајдари не се присутни

/

пред 674 дена

Сподели преку :

Денеска, во пресрет на седницата на Уставниот суд за иницијативите против Законот за употреба на јазиците, забележано е засилено присуство на безбедносни сили во центарот на Скопје. Во близина на Собранието, позади зградата, се паркирани оклопни возила „хермелини“.

Паралелно, зголемено присуство на полицијата е видливо и во околината на Уставниот суд, каде што ќе се одржи расправата. Оваа мерка се толкува како превентивна, имајќи предвид дека во пресрет на седницата опозициската партија ДУИ постави шатори во близина на судот, во знак на „одбрана на Законот“.

Ситуацијата е мирна, но тензичната атмосфера предизвикана од контроверзниот закон ги зголеми очекувањата од денешната седница на Уставниот суд.