Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Оклахома и Милвоки први полуфиналисти во НБА Купот (ВИДЕО)

/

пред 662 дена

Сподели преку :

Шаи Гилџеус Александер постигна 39 поени во победата на Оклахома против Далас од 118-104 во рамки на четвртфиналето во НБА Купот. Одличната одбрана на Тандер го лимитираше најдобариот играч на Маверикс, Лука Дончиќ на само 16 поени и тоа со очаен шут од пет погодени од 15 обиди. Оклахома во полуфиналето што е закажано за претстојниот викенд во Лас Вегас ќе се соочи со победникот од дуелот помеѓу Голден Стејт и Хјустон.

Во полуфиналето се пласираше и Милвоки по триумфот над Орландо со 114-109. Јанис Адетокумбо со 37 поени ги предводеше Бакс до триумфот, а Демијан Лилард имаше 28 поени. Треба да се напомене дека Меџик на овој натпревар беа без ѕвездите Паоло Банкеро и Франц Вагнер. За Милвоки ова е втора сезона во полуфиналето на Купот, а таму ќе се соочи со победникот од дуелот помеѓу Њујорк и Атланта.