Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Над 200 илјади граѓани во Хрватска имаат блокирани сметки

/

пред 668 дена

Сподели преку :

На крајот на ноември во Хрватска се блокирани сметките на 200,97 илјади хрватски граѓани со вкупен долг од 2,89 милијарди евра, како и на 13,1 илјади деловни субјекти со долг од 686,4 милиони евра, соопшти Финансиската агенција (Фина).

На крајот на ноември во регистарот врз основа на наплата се евидентирани 200.969 потрошувачи, што е за 0,7 отсто помалку од претходниот месец, а за 6,4 отсто помалку од пред една година. Главниот износ на нивниот долг изнесува 2,89 милијарди евра, што е за 0,4 отсто повеќе во однос на октомври и 5,5 отсто повеќе во однос на ноември 2023 година.

Кога на главнината од 2,89 милијарди евра ќе се додаде каматниот долг од 1,07 милијарди евра, вкупниот долг на граѓаните со блокирани сметки на крајот на ноември изнесува 3,96 милијарди евра.

Поради неисполнети основи за наплата, на крајот на ноември евидентирани се 13.067 деловни субјекти, што е за 209 деловни субјекти или за 1,6 отсто повеќе во однос на октомври и 1.431 деловен субјект или за 9,9 отсто помалку во споредба со ноември лани.

Главнината на нивниот долг изнесува 686,4 милиони евра, што е за 10,9 милиони евра или 1,6 отсто повеќе од октомври и 83 милиони евра или 13,8 отсто повеќе од ноември 2023 година. Каматниот долг изнесува 219,2 милиони евра, така што вкупниот долг на деловните субјекти на крајот на ноември изнесува 905,6 милиони евра.