Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Битола на нозе пред дербито со Вардар: Е. Пелистер ја распродаде салата за седум минути (ФОТО)

/

пред 661 дена

Сподели преку :

Во сабота од 18 часот се игра вечното ракометно дерби помеѓу Еурофарм Пелистер и Вардар, а битолскиот состав денеска на социјалните мрежи објави дека салата „Боро Чурлевски“ била распродадена за неколку минути.

Гостувањето на Вардар во Битола секогаш предизвикува големо внимание кај навивачите на Пелистер, па очигледно на саботниот натпревар „црвено-црните“ ќе имаат пеколен дочек на дербито во рамки на 15.коло во Суперлигата. Македонскиот шампион објави дека сите билети за натпреварот биле продадени за рекордни седум минути.

Ова е исклучително важен натпревар за Еурофарм Пелистер, кој моментално се наоѓа на 3.место на табелата во ракометната елита. Битолчани имаат 24 бодови по 14 натпревари, а Алкалоид и Вардар се на првите две позиции со по 26. Пелистер ги загуби двете дербија сезонава во Скопје, во „Јане Сандаски“ беше поразен од Вардар со 27-24, а во „Автокоманда“ падна со 32-25 против Алкалоид.

„Пелистерци“ мораат да победат ако сакаат да останат во чекор со лидерите и секако да ги зголемат шансите за враќање на врвот на табелата.

Судии на натпреварот ќе бидат Славе Николов и Ѓорѓи Начевски.

Фото: Игор Паневски