Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Трамп сака да постигне договор за крај на војната во Украина и Појасот Газа

/

пред 677 дена

Сподели преку :

Новоизбраниот претседател на САД, Доналд Трамп во интервју за „Тајм“ (Time) ја критикуваше Украина поради употребата на американски ракети со долг дострел врз територијата на Русија.

  • „Тоа што се случува е лудост. Тоа е лудо. Категорично не се согласувам со испраќање ракети стотици километри во Русија. Зошто го правиме ова? Ние само ја ескалираме војната и ја влошуваме. Ова не требаше да се дозволи“, посочи Трамп во интервјуто објавено на денот кога беше прогласен за личност на годината од магазинот „Тајм“.

Трамп, запрашан дали ќе ја напушти Украина, истакна дека ќе ја искористи американската помош за Киев како алатка против Русија во преговорите за ставање крај на војната.

„Сакам да постигнам договор“, наведе Трамп, додавајќи дека „единствениот начин на кој може да се постигне договор е да не се напушти (Украина)“.

За време на кампањата, Трамп неколку пати изјави дека доколку биде избран, во рок од 24 часа ќе постигне мировен договор помеѓу Русија и Украина. Подоцна призна дека е покомплицирано отколку што мислел.

Тој во интервјуто за „Тајм“ посочи и дека сака да стави крај на војната во Појасот Газа и оти тоа го знае и премиерот на Израел, Бенјамин Нетанјаху.

Трамп истакна дека за својот став го известил Нетанјаху во телефонски разговор за време на претседателската кампања. Но, на прашањето дали му верува на Нетанјаху, новоизбраниот американски претседател истакна дека „не верува никому“.