Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Франсоа Бајру на чело на новата влада на Франција – Макрон го именува третиот премиер за помалку од една година

/

пред 676 дена

Сподели преку :

Центристот Франсоа Бајру (73), сојузник на Макрон, е именуван за мандатар за состав на новата француска влада. Одлуката на претседателот Емануел Макрон доаѓа по изгласаната недоверба на неговиот претходник Мишел Барние на 4 декември, прва од падот на владата на Жорж Помпиду во 1962 година.

Седумдесет и тригодишниот Бајру со децении е познат на француската политичка сцена. Неговото искуство се смета за клучно во напорите за враќање на стабилноста, со оглед дека ниту една партија нема мнозинство во парламентот. Тој неодамна беше ослободен во случајот за наводна проневера на средства од Европскиот парламент.

Бајру е трет премиер на Макрон за помалку од една година, вкупно шести од 2017 година. Од 2020 година ја извршува функцијата Висок комесар за планирање, а од 2007 година е лидер на Демократското движење.