Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Израел повторно ја нападна Сирија

/

пред 675 дена

Сподели преку :

Израелски воени авиони изминатата ноќ извршиле околу 40 воздушни напади врз поранешни сириски воени пунктови во околината на Дамаск.

Сириската опсерваторија за човекови права со седиште во Британија соопшти дека израелската војска уништила неколку цели, вклучително и истражувачки центар северно од Дамаск.

Погодени се 28 локации околу планината Каламун, 90 километри северно од Дамаск. Израелските авиони нападнале и уништиле складиште за оружје, воен аеродром и подземни тунели.

Од соборувањето на претседателот Башар Асад, израелските воздухопловни сили често вршат масовни воздушни напади врз воени цели во Сирија.