Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Ален Зекиров е аналитичар во полициска станица Бит пазар. Новогодишен бран на полициски вработувања во најава

/

пред 678 дена

Сподели преку :

Нов бран на вработувања на полицајци, најавува премиерот.Веќе има оглас за 101 полицаец. МВР одговори на Телма открива каде го вработи Ален Зекиров, поранешниот бодигард на Сашо Мијалков, кој ја доби државата на суд.  

Нов бран на вработувања во МВР, пред крај е оглас за примање на 101 полицаец, а премиерот Мицкоски најави уште 600-тини нови полициски места. Тврди дека имало многу работа, а полицијата имала премалку потенцијал за да се бори против криминалот.

-Навистина изминатите години е правен, би рекол, епски криминал и за тоа практично да се санкционира, за да сето тоа излезе пред правдата, ова основано сомневање, потребен е човечки кадровски потенцијал. И во таа насока можам да објавам дека овој месец се планирани нови 600 вработувања во МВР. Така што, МВР очекува веќе следната недела да објави оглас за 600 нови вработувања во рамките на министерството, изјави премиерот Мицкоски во Штип.

Нема детали за каков тип на полицајци и инспектори ќе се бараат, но познати се критериуми и профилите на оние кои се бараат со огласот распишан на 2-ри декември. 48-мина треба да имаат завршено факултет, најмногу се бараат дипломирани правници, економисти и со факултет за безбедност. Но, за крим лабораториите на МВР се бараат и 9-мина со завршени информатички или електро-технички студии и 7-мина кои имаат дипломи по биологија, хемија или биохемија.

Се бараат 53-ца, нови полицајци, со завршено средно образование. Најголем дел од овој декемвриски бран на вработување е наменет за територијата на град Скопје односно 66-мина ќе работат во главниот град.

Покрај пензионирањето или отказите кои ги дели новото раководство на МВР има и таканаречени „бумеранг“ полицајци кои биле отпуштени претходно во мандатот на Спасовски, но се враќаат назад со судски пресуди за незаконски отказ.

За еден од нив, Ален Зекиров, поранешниот телохранител на Мијалков, призма.мк објави дека добил 51 илјада евра отштета поради незаконски отказ. Зекиров беше отпуштен бидејќи го прекршил членот 13 од Законот за полиција односно за непостапување при упадот во Собранието на 27-ми април, но судот оцени дека постапката за отказ била незаконска.

МВР првично не одговори на прашањата на Телма, но при второто поставување на прашањето каде сега работи Зекиров ни врати одговор дека е „аналитичар“ во полициската станица Бит пазар.

-Ве известуваме дека именуваниот е вратен на работа во Министерството за внатрешни работи на работно место „самостоен аналитичар за статистичко истражување и документирање“ во Отсек за статистика и документирање при Единицата за внатрешни работи Центар и Бит Пазар, Сектор за внатрешни работи Скопје, сметано од 01.06.2023 година, одговорија од МВР.

Од МВР не одговорија на прашањето „Како врз неговото делување во иднина ќе се гледа бидејќи преку дисциплинска постапка е утврдено дека го прекршил Законот за полиција (член 13)? туку само се повикаа на правосилната пресуда со која е утврдено дека Зекиров бил незаконски  отпуштен.

Миомир Серафиновиќ