Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Пашке ги израдува Германците со четврти сезонски триумф

/

пред 658 дена

Сподели преку :

Пиус Пашке го оствари четвртиот триумф сезонава во Светскиот куп во ски-скокови и тоа пред домашните навивачи во Титизе Нојштад во Германија.

Германецот до победата стигна со 294,1 бод и скокови од 144 и 138 метри. Втор беше Грегор Дешванден од Швајцарија, а трет заврши Австриецот Даниел Шефенинг. Германскиот натпреварувач останува лидер во генералниот пласман со 576 бодови, пред Шефенинг, кој има 440, а трет е Јан Херл со 406 бодови.

Утре ски-скокачите повторно ќе се натпреваруваат во Титизе Нојштад.