Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Судот ќе одлучува за мерките притвор за Груби и Бајрами

/

пред 668 дена

Сподели преку :

Кривичниот суд ќе одлучува дополнително за мерките за притвор за Артан Груби и Перпарим Бајрами, осомничени за проневери во службата во случајот „Државна лотарија“. Судот веќе одредил мерки за претпазливост за другите четири лица вклучени во истрагата.

Притворот за Груби и Бајрами ќе биде одреден по проверка на нивната достапност, бидејќи се наоѓаат на Косово. Обвинителството поднесе кривична пријава и отвори истрага против шест лица, додека кривични пријави се поднесени против осум.

Според обвинението, тие како соизвршители направиле штета од над 501 милион денари, преку незаконски набавки на видеолотариски терминали за електронски игри, кои никогаш не биле ставени во употреба.

Првиот осомничен, како генерален директор, предложил незаконска набавка, додека вториот, како вицепремиер, ја поддржал одлуката, и покрај тоа што знаеле дека Државната лотарија нема право самостојно да приредува електронски игри. Кривична пријава во случајов била поднесена и против поранешниот премиер Димитар Ковачевски, но тој во моментов не е опфатен со истрагата на Обвинителството. Она што се знае е дека во моментов и Груби и Бајрами се надвор од државата односно во Косово како и дека Груби ја напуштил земјава со дипломатско возило со помош на почесниот конзул на Косово во земјава и бизнисмен Арсим Папранику.

Неофицијално Груби при излез од државата користел албанска патна исправа. На останатите четворица осомничени во случајот „Лотарија“ им се одредени мерки и одземени пасошите и имаат обврска повремено да се јавуваат во суд.