Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Витор Переира ќе ги спасува „волците“ од испаѓање од Премиерлигата

/

пред 656 дена

Сподели преку :

По отказот за Гери Онил, Вулверхемптон денеска го назначи Витор Переира за нов менаџер. Португалецот доаѓа од тимот на Ал-Шабаб во Саудиска Арабија.

„Волците“ ќе платат и обештетување од 1 милион евра за да го ослободат Переира од неговиот договор со саудискиот клуб. Переира е поранешен тренер на Порто со кој освои шампионски титули во домашното првенство во 2011 и 2012 година.

Неговата задача ќе биде да го спаси Вулверхемптон од испаѓање, бидејќи по 16.кола се наоѓа на претпоследното место (19) со само 9 бодови.