И лидерот на ДУИ, Али Ахмети, се наоѓа во Косово. На фотографија објавена на социјалните медиуми тој е фотографиран заедно со генералниот секретар на партијата, Фатон Ахмети, во угостителски објект во Приштина.
Неговиот престој е во исто време додека таму е и поранешниот прв вицепремиер Артан Груби за кого во земјава се води истрага за проневера на големи суми на пари додека беше на функција во случајот „Лотарија“.
Пред извесно време Груби се најде и на американската Црна листа со објацнување дека бил вклучен во висока корупција во земјава. Во статусот под фотографијата објавен од Исмет Сулејмани стои: „Утринско кафе во Приштина, со лидерот на народот, татковината и албанската нација, мојот пријател Али Ахмети и генералниот секретар на ДУИ, Фатон Ахмети“.

Груби претходно најави повлекување од партијата на Ахмети со цел како што рече да не ја обременува со товарот што тој се најде на црната листа на САД, но Ахмети го одби неговото барање велејќи дека прво ќе почека делото кое ми се става на товар да биде докажано.











