Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Најден бункер со оружје кај Арачиново – Телма ја открива хиерархијата на групата Барон/Беланоца

/

пред 670 дена

Сподели преку :

Десетина пушки, муниција, опрема за оружје. Сето тоа полицијата го нареди за една фотографија, а арсеналот е најден во бункер заштитен и скриен покрај пат во Општина Арачиново. Бункерот е најден во рамките на истрагата за групата Беланоца/Барон, а полицијата истражува уште две локации за кои се сомнева дека се користени како бункери и засолништа на оружје, пари и опрема за комуникација. Бункерот е пронајден ноќеска во 1:30 часот по полноќ. , на патот Орланци-Никуштак.

-На локален пат од с.Орланци во правец кон с.Никуштак, во атарот на општина Арачиново, биле пронајдени еден пушкомитралез, девет автоматски пушки, повеќе празни рамки за автоматска пушка и реденик за пушкомитралез, две рамки за автоматска пушка со куршуми, една тегла со муниција, ранец и други предмети, изјави Гоце Андреевски, портпарол на МВР.

Оружјето дополнително се вештачи за да се утврди дали има траги од оние што го користеле и дали може да се поврзе со други извршени кривични дела.

Шемата на групата Беланоца/Барон

Во акцијата против групата Барон/Беланоца беше откриено дека лидерот на групата Фатљум Ајети-Тоте е во затвор, а неговите најблиски соработници Гани Туша и Зулќуфли Нуредини- Мали Репки се во притвор за други дела.

Беа уапсени четворица кои веќе добија притвор. Уапсен и во притвор се Шенаси Маслани, викан Шенки и Мирвет Маслани кои се браќа на Шенол Маслани, помилуваниот од претседателката Силјановска за Денот на револуционерната борба.

Во притвор се и Акиф Мемиши и Абдула Садики, а петмина се во бегство и полицијата трага по нив и ги бара на повеќе локации.

Групата Барон/Беланоца е осомничена за најмалку осум убиства, меѓу кои и за злостосртвото во „Шиша бар“, се товарат за изнуди, палење автомобили на затворски чувари кои не соработувале со нив, а покрај оружје, злато и накит кај нив беа најдени околу половина милион евра кеш, во разни валути.

Миомир Серафиновиќ