Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Во Франција осуден Доминик Пелико за силување на својата сопруга

/

пред 670 дена

Сподели преку :

Францускиот суд го прогласи Доминик Пелико за виновен за повеќекратно дрогирање и силување на неговата сопруга во текот на речиси една деценија, ужас во кој биле инволвирани десетици непознати лица кои сексуално ја злоупотребувале додека таа била онесвестена во нејзиниот дом.

Поротата, ги прогласи за виновни сите 50 обвинети во случајот, отфрлајќи ги тврдењата на некои од нив дека мислеле дека учествуваат во игра или дека веруваат дека Жизел Пеликот дала согласност. Пеликот доби казна од 20 години затвор, другите добија многу помалку.

Покрај тоа што е прогласен за виновен за тешко силување на неговата сопруга, тој е виновен и за обид за тешко силување на сопругата на еден од обвинетите, Жан-Пјер Марешал, поради несоодветно фотографирање на неговата ќерка Каролина и снаите Аурора и Селин. Доминик Пелико сега има 72 години, што значи дека најверојатно тој животот ќе го заврши во затвор.

Судењето предизвика протести низ Франција за поддршка на Жизел и поттикна духовно преиспитување, вклучително и дебата околу тоа дали да се ажурира францускиот закон за силување, кој моментално не споменува дека сексуалните односи треба да вклучуваат согласност.