Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Делови од Скопје од вечер без вода за пиење

/

пред 672 дена

Сподели преку :

Делови од Скопје од вечер ќе останат без вода за пиење во домовите. Надлежните најавија дека ќе ја затворат цевката со цел за време на викендот да се санира приблемот кој настана на улицата „Никола Парапунов“ во Карпош каде со денови се излева питка вода по коловозот. Нивните убедувања се дека проблемот брзо ќе биде саниран.

Исклучувањето на водата ќе има сериозно влијание врз работата на болниците. Според информациите клучните хируршки сали ќе бидат затворени, а лекарите ќе примаат само животно загрозени пациенти. Болниците ќе имаат вода само за пиење, а не и за стерилизација, па ќе се користат залихи од претходно обезбедени количини.

Цистерни со вода ќе бидат испратени до болниците, но нема информации за точниот број на возила. За време на прекинот, граѓаните од неколку општини, вклучувајќи ги Ѓорче Петров, Карпош, Влае, и Центар, ќе треба сами да си обезбедат резерви со вода. Вчера пак во маркетите во Скопје забрзано се празнеа рафтовите со вода. Според информациите водоснабдување ќе имаат само скопските населбите кои се наоѓаат на левата страна на реката Вардар.