Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

САД најавија санкции против правни лица, бродови и поединци вклучени во транспортот на иранска нафта

/

пред 669 дена

Сподели преку :

САД најавија санкции против правни лица, бродови и поединци вклучени во транспортот на иранска нафта или помагањето за финансирање на Хутите во Јемен, поддржани од Иран. Целта на санкциите е да ја спречат земјата да ги финансира  нивните „малигни активности“, рече американскиот државен секретар Ентони Блинкен.

Стејт департментот воведе санкции за четири субјекти кои превезувале иранска нафта и идентификувале шест бродови како нивна сопственост. Министерството за финансии, исто така, санкционираше четири субјекти и идентификуваше три брода во врска со иранскиот нафтен или петрохемиски сектор.

Санкции се воведени и на 12 поединци и правни лица – вклучувајќи го и шефот на јеменската централна банка во Сана – за кои САД велат дека се поврзани со Хутите, поради нивната вмешаност во трговија со оружје, перење пари и транспорт на нелегална иранска нафта.