Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

СДСМ: РЕК Битола не произведува струја

/

пред 672 дена

Сподели преку :

Опозициската СДСМ обвинува дека РЕК Битола не работи и не произведува струја, наведувајќи дека ниту еден од блоковите во моментов не е на мрежа. Партијата истакнува дека во период на грејна сезона, РЕК Битола е надвор од производство, а блоковите 1 и 2 утрово биле исклучени, додека третиот блок подолго време не работи.

Според СДСМ, ДПМНЕ не успеало да менаџира со енергетскиот сектор, тврдејќи дека во РЕК се троши повеќе увозен отколку домашен јаглен, што доведува до увоз на скапа струја. Партијата ја обвинува власта дека ги задоволува своите бизнис интереси, а граѓаните плаќаат високи трошоци за електрична енергија.

Од АД ЕСМ пак преку соопштение потврдуваат дека од утрово РЕК Битола не работи но објаснуваат дека причина за тоа е активирана заштита. Додаваат дека благодарение на навременото активирање на заштитата, не е предизвикана поголема штета.

Додаваат дека согласно досега направените анализи, станува збор за надворешни причини кои дополнително ќе се утврдуваат. Во моментов течат операции за нејзино повторно вклучување.