Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Mонтажно лизгалиште во Битола постави ЈП Паркинзи пред да добие дозвола обвини од Советот опозицијата

/

пред 672 дена

Сподели преку :

Mонтажно лизгалиште на плоштадот Магнолија во Битола, постави ЈП Паркинзи пред да добие дозвола за таа дејност од Советот,  обвинија опозициските советници. Пред да бидат изгласани измените во статутот со кои ќе може да извршува забавна и рекреативна дејност, ова јавно претпријатие распиша и тендер за набавка на лизгалиштето,  кое е договорено, изнајмено  и монтирано спротивно на сите законски процедури, велат од опозицијата

  • „Како е можно ваква одлука да се носи во последен момент, на ден пред пуштање на лизгалиштето, односно ЈП ‘Паркинзи’ задоцнето да бара промена на дејностите?“, Петар Николовски, советник од СДСМ. 

Од независната советника група Поинаку  прашаа  дали директорот на Паркинзи  смеел да распише јавна набавка без променета дејност на јавното претпријатие

  • „Ќе повикаме да се испита целата спроведена постапка од страна на ЈП Паркинзи.  Во овој момент треба да се запрашаат сите колку луѓе се земени на душа, бидејќи во последните 10 дена сме сведоци на апсења баш за јавни набавки, рече Габриела Илиевска советник од Поинаку. 

Директорот на „Паркинзи“ Зоран Михајловски потврди  дека лизгалиштето е изнајмено по пат на јавна набавка, но не знаел дека не е   направена измена на статутот, затоа што  претпријатието стопанисуваше со лизгалиште и во време на претходната локална власт на СДСМ, кое пак беше донација.

  • „Ви кажав  дека краток е рокот, јас  претпоставував дека е веќе променета дејноста и пристапивме кон креирање на јавна набавка зашто претпријатието веќе еднаш стопанисуваше со лизгалиште. Потоа арно што видовме, ќе се направеше превид“, рече Зоран Михајловски, директор на ЈП Паркинзи Битола.

Изнајмувањето на лизгалиштето чини околу 32.000 евра, кои ќе треба  да се обезбедат од продажба на влезници. Лизгалиштето е со димензии 20 на 25 метри и ќе биде отворено вечерва,а опозицијата ја спори и локацијата затоа што, велат,  овој дел од Широк Сокак, кај Магнолија  е направен тесно грло.

Емилија Мисирлиевска