Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Си играте со оган – Кина со предупредување до САД

/

пред 666 дена

Сподели преку :

Кина изрази остар протест поради најавената воена помош од САД за Тајван, предупредувајќи ги Американците дека „си играат со оган“. Според кинеското Министерство за надворешни работи, САД треба да престанат да го вооружуваат Тајван и да ги прекинат своите, како што се наведува, „опасни потези“ кои ја поткопуваат стабилноста и мирот во Тајванскиот теснец.

Американскиот претседател Џо Бајден одобри одбранбена помош за Тајван во вредност од 571 милион долари, а најавена е и едукативна поддршка за островот, кој Кина го смета за дел од својата територија.

Aмериканското Министерство одобри дополнителни 295 милиони долари во воена опрема. САД тврдат дека оваа помош е наменета за подобрување на одбраната на Тајван и како мерка за одвраќање на Кина од напад. Тајван ја поздрави одлуката на САД за одобрената воена помош.