Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Русија е подготвена да продолжи со испораките на гас за Западот, Украина кочи – Фицо за дел од разговорите со Путин во Москва

/

пред 666 дена

Сподели преку :

Словачкиот премиер Роберт Фицо истакна оти рускиот претседател Владимир Путин изразил подготвеност да продолжи со испораките на гас за Западот.

„Путин изрази подготвеност, но тоа практично е невозможно по 1 јануари 2025 година, со оглед на ставот на украинскиот претседател“, смета Фицо, алудирајќи на изјавите на Володимир Зеленски во кои се противи на транзит на руски гас преку Украина.

„Таков став нанесува финансиска штета на Словачка и го загрозува производството на електрична енергија во нашите нуклеарни електрани, што е неприфатливо“, нагласи Фицо по разговорите со Путн во Москва.

Во Словачка функционираат две нуклеарни електрани, изградени во соработка со експерти од Советскиот сојуз и Русија – една е „Моковце“ во централниот дел на земјата и „Бохунице“ на западниот дел.