Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Јокиќ со деветиот трипл-дабл сезонава го водеше Денвер до славје во Њу Орлеанс (ВИДЕО)

/

пред 650 дена

Сподели преку :

Денвер го победи Њу Орлеанс на гостински паркет со 129-132 по едно продолжение во рамки на НБА-лигата.

Никола Јокиќ уште еднаш блескаше за Нагетс, но иако не постигна ниту еден поен во првите 20 минути, тој успеа да го оствари својот деветти трилп-дабл сезонава со 27 поени, 13 скока и 10 асистенции. Џамал Мареј постигна 27 поени, а Расел Вестбрук имаше 21. Џордан Хокинс со 25 поени беше најефикасен кај Пеликанс.

Сакраменто го доживеа четвртиот пораз во низа, а Индијана ја запиша четвртата победа по ред откако славеше на гостински паркет со 95-122.

Интересно Хјустон ја оствари првата победа во Торонто уште од 2019 година и тоа со 110-114 најмногу благодарение на 27-те поени на Дилон Брукс.