Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

МЕПСО го раскина договорот за далноводот кон Албанија

/

пред 656 дена

Сподели преку :

Енергетското поврзување меѓу Македонија и Албанија одложено за уште неколку години. МЕПСО денеска соопшти дека го раскинале договорот со „Енергоинвест“ ДОО Сараево, Босна и Херцеговина, изведувач на изградбата на 400 kV далекувод од ТС Битола 2 до македонско-албанската граница.

Изградбата на далекуводот почна во 2021, а требаше да заврши до мај минатата година, ама не е ни приближно готов.

Изведувачот неколку пати го напушташе градилиштето, барајќи дополнително плаќање, што беше одбиено од АД МЕПСО заради типот на договорот, „клуч на рака“. И покрај повеќекратните напори на АД МЕПСО за усогласување и преговарање, договор не беше постигнат. Затоа, АД МЕПСО ја донесе неопходната одлука за раскинување на договорот, информира државната електропреносна компанија.

Во наредните месеци треба да се распише нов тендер за завршување на далноводот, а според информациите на Телма, ќе бидат потребни уште најмалку две години за завршување.

Договорот со Енергоинвест беше потпишан во февруари 2020. Истовремено беше потпишан договор со хрватски Кончар, кој треба да ја изгради трафостаницата 400кв/110кв Охрид. Двете се дел од енергетското поврзување со Албанија, односно од енергетскиот коридор 8.

Код веќе истражуваше дека и трафостаницата доцни, а на почетокот на годинава таму се уште имаше само градилиште. Со Кончар беше склучен Анекс на договорот со кој цената се зголеми за 3 милиони евра, од 17 на 20 милиони, а работите продолжија.

Срѓан Стојанчов