Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

(живо)Тошковски во Топ Тема: Факт е дека министерството го начекавме во состојба на швајцарско сирење

/

пред 668 дена

Сподели преку :

„Не може проблемите да ги гледаме од денешен аспект дека сега настанале и ние треба со магично стапче да ги решаваме. Знаеме која е причината и зошто ние денеска ова го правиме. Се случи еден договор на времето со кој се промени едно уставно име на сила се донесе едно уставно име и тоа е факт“, истакна министерот за внатрешни работи Панче Тошковски во вечерашната Топ Тема.

Според него сите знаат во која ситуација бил ставен како технички министер не само за налепниците на возилата, не само во однос на возачките дозволи, туку и во однос на лични карти и во однос на пасоши.

  • Знаеме што не работеа и во каков хаос не оставија. И јавноста беше сведок за да го средиме хаосот и да ги нема повеќе гужвите. Телеграма е изготвена и е доставена, наредна исто така, вие ме потсетувавте за истек на рокот според правилникот. Факт е дека министерството го начекавме во состојба на швајцарско сирење, рече Тошковски.

Тој истакна дека морале да го реорганизираат и дека има напредок но, не во секое поле. За нелпниците го сменивме правилникот и сега се бесплатни.

Топ Тема е се уште во тек можете да ја гледате на следниот линк.