Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Валенсија ќе плати милионско обештетување за новиот тренер

/

пред 649 дена

Сподели преку :

Фудбалскиот клуб Валенсија вчера му врачи отказ на клупската легенда Рубен Бараха поради очајните резултати сезонава во Ла Лига и сега е подготвен да назначи нов тренер, кој доаѓа од англиската Чемпионшип дивизија.

Македонскиот репрезентативен голман Столе Димитриевски добива нов тренер во Валенсија во името на Карлос Корберан. Се работи за млад, 41-годишен стратег, кој моментално седи на клупата на Вест Бромвич Албион. „Лилјаците“ ќе платат обештетување од три милиони евра за да го откупат договорот на Шпанецот со ВБА, што истекува во летото 2027 година.

Корберан претходно има работено во Олимпијакос, Хадерсфилд и на Кипар во тимовите на Ермис и Докса. Во Валенсија ќе има тешка задача да го извлече тимот од дното на табелата во Ла Лига, бидејќи моментално се наоѓа на делба на последната позиција со 12 бодови од 17 натпревари.