Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Демант од Александар Ивановски за случајот со продажбата на италијанската резиденција

/

пред 650 дена

Сподели преку :

По вчерашната објава на Телма со наслов „Бизнисмен со фалсификуван документ сакал да ја продаде италијанската резиденција на Водно“, до редакцијата на телевизијата стигна демант од адвокатската канцеларија која го застапува Александар Ивановски. Оттаму приложија имотен лист во кое е наведено дека всушност сопственик на недвижниот имот каде е сместена италијанската резиденција е Ивановски. Воедно наведуваат и дека на Ивановски не му се познати документите кои не ги објави Телма, туку ги објави порталот Нетпрес и медиумот е цитиран во прилогот како извор на информациите. Телма притоа вчера ги контактираше сите надлежни институции и од МНР потврдија дека од италијанската амбасада им доставила нота со барање за заштита од надлежните служби. Истата била испратена до надлежните институции кои го информирале и обвинителството за случајот. Во однос на тоа дека Телма извршила грубо мешање и на трети лица, тие беа спомнати во контекст на тоа дека се бизнис партнери на Ивановски.

Во прилог целиот демант и имотниот лист.