Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Засилени контроли на АХВ во пресрет на новогодишните и божиќни празници

/

пред 668 дена

Сподели преку :

Засилени вонредни инспекциски контроли на Агенцијата за храна и ветеринарство во пресрет на новогодишните и божиќните празници. Зголемената потрошувачка на прехрамбени производи го вклучи алармот на надлежните институции за проверки кај сите оператори со храна, вклучувајќи ги и рестораните, хотелите, кафетериите и месарниците. Засилени се и контролите во малопродажбата.Беа  спроведени и вонредни надзори во магацини за пакување новогодишни пакетчиња, во маркети и продавници.

Во рамки на спроведените 62 контроли, утврдено е несоодветно означување на пакетчиња кај четири оператори. Кај три вида пакетчиња, констатирано е дека на збирното пакување нема наведено рок на траење, односно датум на минимална трајност на производите кои ги содржи новогодишното пакетче, поради што наредено е повлекување на истите од промет. Извршен беше преглед на содржината на 62 пакетчиња. Кај две пакетчиња најдени се производи со изминат рок, како и со краток рок на траење до 12.2024 година. Констатирани се и органолептички промени на производите во збирните пакувања кои се со уреден рок на траење изјави Оливер Миланов директор на АХВ.

На операторите кај кои се утврдени неправилности наредено им е да ги повлечат пакетчињата од промет и нивно уништување. Воедно се издадени решенија за отстранување и изречени се соодветни прекршочни пријави. Миланов со апел до граѓаните да внимаваат каде купуваат храна, дали станува збор за регистрирани и одобрени објекти. Секоја недоследност во поглед на безбедноста на храната граѓаните можат да ја пријават во Агенцијата за храна и ветеринарство.

Нина Стефанова