Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Горига го продолжи договорот со Вардар до 2026 година

/

пред 648 дена

Сподели преку :

Дмитро Горига сезонава импресионира во дресот на Вардар, па челниците на клубот одлучија да ја продолжат соработката со Украинецот за уште една сезона.

Горига потпиша едногодишен договор со „црвено-црните“ изминатото лето и се покажа како фантастично засилување за скопскиот состав. Тој иако имаше и незгодна повреда изминатата полусезона, сепак покажа голем квалитет во својата игра. Раководните лица на Вардар и Горига експресно се договорија за продолжување на соработката до летото 2026 година.

Левиот бек за кратко време се промовираше како еден од главните стрелци и носители на играта на Вардар. 27-годишниот ракометар пред да пристигне во таборот на двократниот европски првак играше и за Ал Араби, француски ПАУК, Нава, полски Погон и Мотор Запорожје.

Фото: Игор Паневски