Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Седумдесет минути професорско предавање во погрешен амфитеатар – Трајчулески во „Топ тема“ за говорот на Силјановска Давкова

/

пред 666 дена

Сподели преку :

Седумдесет минути професорско предавање во погрешен амфитеатар, е оценката што Митко Трајчулески, пратеник на СДСДМ, ја даде во вечерашната „Топ тема“ на ТВ Телма за денешното Годишно обраќање на претседателката Гордана Силјановска Давкова.

„Без јасна визија и план по однос на тоа каде треба да се движи државата, кој е планот и стратегијата како да ги постигнеме нашите стратешки цели и интереси како држава. Тука зборувам, пред сè, на нашите европски перспективи, имајќи ја предвид реалната можност Црна Гора и Албанија да станат членки на Европската Унија до 2030 година. Мислев дека владата и претседателката на државата ќе го земат тоа во предвид и ќе почнат да креираат политики, односно да влечат потези во насока на тоа како ние да се приклучиме на овој процес“, вели Трајчулески.

Тој очекувал од претседателката да даде осврт и да даде критика на начинот на кој се носат законите во Собранието, каде, како што рече, има 70 проценти од законите кои се поднесуваат во скратена постапка, без јасна дискусија и дебата.

„Очекував да даде осврт и по однос на случувањата кои беа деновиве, а тоа е автентичните толкувања на законот за надворешни работи кои претставува, директно, нејзин домен на компетентност и нејзина надлежност. Со овие автентични толкувања се прави директен упад и буквално се растура дипломатската мрежа на државата. Очекував одредени коментари и по однос на носење на законот за јавни набавки, без јавна стручна дебата со што се направи сериозен упад и сериозни постапки во смисла на контрола, процедури. Делот што се однесуваше на Армијата, ние како опозиција целосно го поддржуваме, како и делот кој се однесуваше на рамноправна застапеност на жените во рамки на телата, на Кабинетот на претседателката и онаа заложба за понатаму тоа да се промовира. Но, она што е клучно е дека денеска не слушнавме ниту визија, ниту план, ниту стратегија за остварување на клучните национални приоритети кои се витални за нашата држава“, истакна Трајчулески.