На територијата на земјава на сила се забрани за тешки товарни возила на неколку патни точки. Од 7 часот е воведена на планинскиот премин „Ѓавато“, како и на патниот правец Тетово – Попова Шапка. Затворен за сообраќај на камиони е патниот правец Гостивар – Маврово – Дебар во двете насоки.
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози, наместа со остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на дежурните екипи на ЈП „Македонија Пат“.











