Државниот завод за ревизија ги објави ревизорските извештаи за Основниот кривичен суд Скопје, кои покажуваат низа аномалии во управувањето со финансиите и документација во институцијата.
Во извештајот се укажува на недостаток на одредби за утврдување на платите на вработените во судовите кои вршат технички и помошни работи.
Средствата од Буџетот за 2023 година не го достигнуваат законскиот процент од 0.8% од БДП, а одобрениот Буџет за Судска власт е намален за 89.906 денари.
Ревизорскиот извештај открива и проблеми со евиденцијата на судски депозити, неусогласености во законската регулатива, и недостаток на внатрешни контроли во управувањето со документацијата и имотот на судот.











