Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Бизнисмените да дадат на работниците, а владата да му даде на бизнисот

/

пред 653 дена

Сподели преку :

Стопанската комора на северозападна Македонија предлага минималната плата за работниците да се зголеми на 500 евра, а за работодавачите бараат цел список поволности.

Да се намалат придонесите, за на сметка на тоа да се зголемат платите.

Проблемот со недостиг на работна сила во приватниот сектор планираат да се решава со увоз на работници од странство и преквалификување на вработени од јавниот сектор.

Сепак, останува прашањето како планираат да ги натераат луѓето од јавниот сектор да дојдат во приватниот.

За решавање на проблемот со недостиг на работна сила, Македонија веќе почна да увезува работници од Непал, но во медиумите често се појавуваат наслови дека ниту тие не се заинтересирани за работа во земјава.

Веројатно ја користат како отскочна летва да стигнат до Европа, а потоа да заминат на Запад каде што платите се повисоки.

Срѓан Стојанчов