Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Повеќе од 10.000 мигранти загинати годинава по морски пат до Шпанија

/

пред 663 дена

Сподели преку :

Повеќе од 10.000 мигранти загинаа во обид да стигнат до Шпанија по морски пат оваа година, се вели во извештајот објавен денеска од шпанската група за заштита на мигрантите Каминандо Фронтерас.

Во просек, тоа значи дека 30 мигранти умираат секој ден оваа година обидувајќи се да стигнат до земјата со брод, соопшти шпанската група.

Вкупниот број на починати е зголемен за 58 отсто во однос на минатата година, се додава во извештајот.