Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Известувањето од МВР дека Ковачевски е недостапен за органите на прогонот, конечно, стаса во судот

/

пред 665 дена

Сподели преку :

Мерките што ги побара обвинителството за Васко Ковачевски, Кривичен не ги прифати, затоа што тој е недостапен. A, за да му биде одземен пасошот, да добие забрана да го напушти градот и редовно да се јавува во суд, треба да е тука и да се произнесе. Оваа одлука, Кривичниот суд ја донел попладнево, откако пристигнало официјалното известување од МВР дека тој е недостапен две и пол недели по отворање на истрагата за „Адитив“’.

„Судија на претходна постапка може да постапува и да донесе решение за прифаќање на предлог на Јавен обвинител, без да биде сослушано осомниченото лице, само доколку за истото е предложена мерка притвор, но не и кога против истото лице се предложени мерки за претпазливост, како во конкретниот случај и истото лице воопшто не е лишено од слобода и спроведено во судот да се произнесе за предлогот како што налагаат одредбите од ЗКП“, појаснуваат од Кривичен суд. 

На потег е обвинителството, дали ќе предложи построга мерка или не за Ковачевски, откако Кривичен ќе ја испрати одлуката и известување за недостапност. Овој документ неопходен и за да може обвинителството да побара од МВР да распише меѓународна потерница за Ковачевски кој е под истрага веќе 16 дена.

Тошковски претпладнево тврдеше дека полицијата го известила и обвинителствто кое го критикуваше дека за Ковачевски требало да побара притвор, а Кривичен не можел да определи построга мерка од онаа што ја предлага обвинителството.

Обвинителството за организиран криминал му одговори на министерот дека официјално известување за достапност досега не добиле. Единствено што пристигнало од МВР е известување за постапување по 77 наредби за претрес во кое било наведено дека Ковачевски во моментот на претресот не бил пронајден на домашната адреса и не бил забележан подолг период од соседите. Велат законот за кривична постапка е јасен и дециден – доколку се утврди дека е недостапен, известувањето на МВР за недостапност судот го испраќа во обвинителството кое треба да се произнесе по мерките за обезбедување.

Телоп ОЈО ГОКК

„До денес, Основниот кривичен суд Скопје нема доставено ваков документ до обвинителството и предметните обвинители не можат, прескокнувајќи постапки и институции, да носат предлози или одлуки надвор од нивните законски овластувања. Во моментот кога ОЈО ГОКК ќе добие известување дека осомничениот е недостапен на органите на прогонот, надлежните јавни обвинители ќе постапат согласно законските надлежности во поглед на мерките за обезбедување“, соопштуваат од ОЈО ГОКК. 

Триесетдневен притвор добија осуммина од вкупно 23 осомничени во случајот „Адитив“, меѓу кои и ексдиректорот на ЕСМ, Васко Стефанов. Осомничени се за злоупотреба на тендерот за адитиви кои се користат за согорување на јагледнот во термоцентралите.

Елена Ивановска Мукоска