Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Син на поранешен функционер приведен под сомнение дека им дојавил на криминалците за апсењата во Арачиново

/

пред 663 дена

Сподели преку :

Полицијата синоќа привела лице, заради извршување службен разговор во врска со кривично дело „Оддавање на службена тајна“ во врска со полициските акции месецов против криминална група, потврдија за МИА од МВР.

Лицето, кое според одредени медиуми е син на поранешен висок функционер во Министерството за внатрешни работи, ги предупредил припадниците на криминалната група „Беланоца“ за акцијата која беше спроведена во Арачиново.

Лицето за кое прашувате на 28.12.2024 беше приведено, при што во полициска станица беше извршен службен разговор во врска со кривично дело Оддавање службена тајна, одземен му е мобилен телефон, по што по насока на ОЈО лицето е ослободено, се вели во одговорот.