Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Крафт славеше во Оберздорф: Херл и Чофениг го комплетираа австрискиот подиум (ВИДЕО)

/

пред 643 дена

Сподели преку :

Трикратниот светски првак Штефан Крафт го предводеше целосно австрискиот подиум на првото натпреварување на новогодишната турнеја „Четири скокалници“ што денеска почна во Оберздорф, Германија.

Крафт, кој славеше на „Четирите скокалници“ пред десет години, денеска имаше скокови од 138 и 135,5 метри и освои вкупно 335,1 поен што беше доволно за првата сезонска победа. Зад Австриецот завршија двајца негови сонародници Јан Херл, кој имаше 3,5 бодови помалку и Даниел Чофениг со 11,5 бодови послаб резултат.

Домашниот фаворит Пиус Пашке го освои четвртото место, но Германецот останува лидер во генералниот поредок во Светскиот куп со 765 бодови, пред Херл, кој има 711, а Чофениг е трет со 696 бодови.

Второто натпреварување во рамки на новогодишната турнеја повторно е во Германија, но во Гармиш-Партенкирхен на 1 јануари. Потоа натпреварите се селат во Австрија, каде на 4 јануари ски-скокачите ќе се натпреваруваат во Инсбрук, а финалето е два дена подоцна во Бишофсхофен.