Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

ФИФА го казни Шкупи: Чаирчани нема да можат да прават трансфери до јули 2026 година

/

пред 644 дена

Сподели преку :

Светската куќа на фудбалот (ФИФА) на македонскиот прволигаш Шкупи му изрече забрана за регистрирање нови играчи во следните три трансфер-прозорци.

ФИФА не ја објасни казната за чаирчани, односно поради кои причини го суспендира клубот во следните три трансфер-прозорци, но се претпоставува дека се работи поради долгови кон поранешни играчи.

Шкупи нема да може да регистрира нови играчи во претстојниот зимски преоден рок што почнува на 1.јануари 2025 година, потоа во летниот преоден рок, кој почнува од 30 јуни и во зимскиот преоден рок во јануари 2026 година. Скопскиот тим ќе може да регистрира нови играчи дури во летото во 2026 година.

Поранешниот македонски шампион пред само еден месец доби нов сопственик во името на Јасин Конјали. Клубот вчера се пофали и со првото зимско засилување Емир Јазичи од Турција, кој очигледно нема да може да биде регистриран во јануари.