Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Антикорупциска жали за испратеното соопштение до Телма но не отстапува од ставот дека кај членот Ристовска нема судир на интереси

/

пред 662 дена

Сподели преку :

Антикорупциската комисија останува на ставот дека кај членот Ристовска нема судир на интереси при одлучувањето на предметот формиран за директорот на АНБ, Бојан Христовски, бидејќи таа била визитинг професор на УТМС а предмет на разгледување не била универзитетската диплома.

За соопштението испратено до Телевизија Телма како демант на објавениот прилог во кој неосновано и остро беше нападнат авторот од Антикорупциска соопштија дека е став на сите членови но и дека Комисија изразува жалење.

За разлика од ставот на експерти и поранешни членови на ДКСК, претседателката Димитровска е децидна дека членот на Комисијата Цвета Ристовска била визитинг професор на УТМС без паричен надомест и затоа нема судир на интереси.

Интересно е што од Антикорупциска тврдат дека Ристовска последен пат била ангажирана пред 4 години а  во документот за самоевалуација, кој датира од 2022 година Цвета Ристовска од студентите на кои им предавала ревизија добила речиси перфектна оценка за нејзините предавања.

Ристовска побарала изземање откако предметот за Христовски бил доделен кај неа по електронски пат, но сите членови биле против таа одлука.

Дали сертификатот ТОЕФЛ на Христовски е оригинален, ДКСК побарала информација од Обвинителството уште во текот на минатиот месец но оттаму немаат одговор.

Поранешната претседателка на ДКСК, Билјана Ивановска, смета дека Ристовска не смеела да одлучува по овој предмет и затоа треба да се повлече од Комисијата а истрагата за наводите околу директорот на АНБ, Бојан Христовски треба да ја превеземе Обвинителството.

Огнен Чанчаревиќ