Пред нас е авантура базирана на безвременската легенда за кралот Артур, а раскажува за несовесниот и тврдоглав внук на кралот Артур, Гавејн, кој тргнува во потрага по џиновски зелен странец наречен – Зелениот витез. На своето патување, Гавејн ќе се соочи со духови, џинови и крадци и на тој начин ќе ја докаже својата вредност пред своето семејство и кралството.











