Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Прогласен за виновен, ќе треба да плати пет милиони долари – потврдена пресуда против Трамп за сексуално злоставување

/

пред 659 дена

Сподели преку :

Федерален суд во САД ја потврди пресудата од пет милиони долари кои Џин Керол треба да ги добие според тужбата против Доналд Трамп, откако поротата го прогласи поранешниот претседател за виновен за сексуално злоставување и клевета на поранешната колумнистка на списанието „Ел“.

Одлуката ја донесе тричлен судски совет на Вториот окружен апелациски суд во Менхетен.

Пресудата од мај 2023 година произлегува од инцидент од 1996 година во продавницата „Бергдорф Гудман“ во Менхетен. Керол изјави дека Трамп ја силувал, а тој во октомври 2022 година на мрежата „The Social Truth“ нејзиното тврдење го нарече измама.

Поротата не утврди дека се случило силување, но додели 2,02 милиони долари за сексуален напад и 2,98 милиони долари за клевета. Друга поротај, во јануари 2024 година, пресуди дека Трамп треба да ѝ плати на Керол 83,3 милиони долари за клевета поради изјавите од јуни 2019 година, кога првпат ја негираше нејзината приказна.

Трамп тврдеше дека не ја познава Керол, дека „не е негов тип“ и дека приказната е измислена за да ја промовира својата книга. Тој поднесе жалба за пресудата од 83,3 милиони долари.

Судските процеси продолжуваат и покрај тоа што Трамп повторно беше избран за претседател на изборите на 5 ноември.