Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

По прилогот на Телма за Цвета Ристовска, членот на ДКСК која го водеше предметот за дипломите на директорот на АНБ, Транспаренси го прогласи за најматен корупциски настан во декември заедно со Груби

/

пред 654 дена

Сподели преку :

Во рамките на проектот „Бистро-матно“ на „Транспаренси Интернешнл – Македонија“, организацијата ги објави најматните и најбистрите настани за месец декември.

На врвот на листата на “матни” настани се најдоа случајот со Артан Груби и Енвер Беџети, кои беа ставени на „црната листа“ на САД по обвиненија за значителна корупција, вклучително и примање мито за уривање судски процеси.

Како втор „матен“ настан се издвојува случајот со Цвета Ристовска, членка на Антикорупциската комисија, која поради предавања на Универзитетот за туризам и менаџмент будеше сомнежи за судир на интереси бидејќи го водеше предметоѕ за  оспорената диплома на директорот на АНБ Бојан Христовски добиена од тој Универзитет. Случајот со Ристовска го откри и објави Телма, а по него следуваше навредлив и омаловажувачки допис од ДКСК по што потпишаната претседателка на Комисијата Татјана Димитровска изрази жалење за грубиот речник.

Третиот настан е постапката за злоупотреби при јавни набавки во Дирекцијата за ТИРЗ.

Меѓу “бистри” настани, организацијата ги издвојува кривичните пријави за оштетување на буџетот, обвинението против пратеникот Пеце Милевски и кривичните пријави за поранешните директори на Фондот за иновации, Коста Петров и Фестим Халили.