Куфер ко куфер празан, култната реплика од филмот Тетовирање, во политичкиот живот ја глумеше Артан Груби во април, но после изборите му се врати во реалниот живот и сега е во бегство.
Груби нема проблеми какви што има Мицкоски поради што на сметка на граѓаните лета во бизнис класа.
Новиот парламентарен спикер Гаши, на сличен начин како Груби, замина преку Блаце, но на свадба, по невеста, со службена кола.
Патуваше и Силјановска, предводеше црковно-државна делегација на гробот на Свети Кирил и положи венец со натпис претседател без име на државата.
А премиерот, чиј прв вицепремиер му беше Груби, измери дека во минатото сме биле спејс шатл за Бугарија, а сега сме зад нив.
Сега слична позиција како Груби, има Меџити. Ни кажа: Нема да има функционери, ако гледаме кривични пријави.
И затворот е за луѓе, а уште поубаво е ако си киднеш оттаму со нечија помош.
По големиот пораз, во СДСМ следуваше победа на Филипче во партијата.
Риловите на Телма покажуваат дека битки се водеа и во град Скопје. Колку советниците земале плата и што правеле за да се оправдаат пред граѓаните.
Снегот оваа година доби ново пакување на стариот директор и директна закана, дека ќе биде изненаден.
Политичарите се оние кои ние сме ги избрале. А какви биле, гледаме на крајот на годината.
Миомир Серафиновиќ











