Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

(Видео) Спектакуларни огномети, концерти, пеење и играње – светот зачекори во новата 2025 година

/

пред 657 дена

Сподели преку :

Спектакуларни огномети на плоштади, плажи, градски улици. Милиони луѓе ја дочекаа Новата 2025 година со желби за здравје, среќа, бериќет. Ниту силниот дожд не поколеба илјадници луѓе да се соберат на Тајм Сквер, каде традиционално се спушти кристалната топка од шест тони. За забавниот дел се погрижија групите Ти-Ел-Си и Јонас Брадерс.

Во спектакуларните новогодишни прослави не заостануваа ниту европските метрополи. Римскиот Колосеум блесна во новогодишна ноќ, во свечест во која беше нагласена јубилејната година за Католичката црква. Париз влезе во Новата година со огномет на Елисејските полиња, а во Лондон се уживаше во светлосен спектакл крај Темза.

Над два милиона луѓе, пак, уживаа во 12-минутен величествен огномет на плажата Копакабана во Рио, каде звезда на вечерта беше Анита.

Огнометот на пристаништето во Сиднеј беше проследен со настап на Роби Вилијамс. Српските студенти ја минаа новогодишната ноќ на протести низ улиците на Белрад, како што беше случај и во Тбилиси. Лошите временски услови, пак, ги одложија прославите во Единбург и во Шевенинген. Први во новата година влегоа жителите на островот Лајн на Кирибати, а последни во 2025 година зачекори Американска Самоа.

Старата, 2024 година е испратена, но дел од проблемите се прелеаја во новата година. Украина го затвори вентилот за транзит на руски гас низ нејзина територија. Романија и Бугарија од денеска и официјално се дел од Шенген просторот без граници. Полска го презеде претседавањето со Советот на Европската Унија, Финска го презеде кормилото на ОБСЕ, а Алжир во наредните месец дена ќе претседава со Советот за безбедност при Обединетите Нации.

Сашко Димовски