Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Хондурас се закани дека ќе ги затвори американските бази на нејзина територија доколку Трамп масовно депортира негови граѓани

/

пред 656 дена

Сподели преку :

Претседателката на Хондурас, Ксиомара Кастро денеска се закани дека ќе ги затвори американските воени бази во нејзината земја доколку новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп ја исполни својата закана дека масовно ќе депортира негови граѓани по преземањето на функцијата.

„Соочени со непријателскиот став за масовно протерување“ на Хондурас, „мора да размислиме за промена во нашите политики за соработка со САД, особено на воено поле, во кое тие одржуваат воени бази на нашата територија без да платат цент со децении. Во овој случај (воените бази) ќе изгубат каква било причина да постојат во Хондурас“, изјави Кастро за националното радио и телевизија.

Во 1980-тите, САД ја изградија базата Палмерола во Комајагва, во централниот дел на земјата, за да се борат против комунистичките движења на континентот.